Интервјуто на Мадона со Дејвид Летерман кое ги сруши сите рекорди: Најцензурирано во историјата на Америка

Instagram

Познатиот американски водител Дејвид Летерман своето последно шоу го направи на 20 мај 2015 година, решавајќи дека е време да се пензионира.

На 68 годишна возраст тој реши да се повлече од својата телевизиска кариера, оставајќи му на светот легендарни интервјуа и едни од најдобрите снимки во живо во музичката историја прикажана на телевизија.

Instagram
Instagram

Американските медиуми постојано „извлекуваат“ бројни интервјуа и настапи кои со години ги забавуваа гледачите ширум светот.

Дејвид Летерман (73) беше водител на едно од најпопуланите шоуа во Америка „Late Night With David Letterman“ кое почна да се емитува од 1 февруари 1982 година. А, едно од најконтроверзни гостувања на ѕвезди во неговото шоу засекогаш останува Мадона.

Мадона (62) во 1994 година ги сруши сите рекорди. По тој повод, пејачката беше облечена во готски стил со чизми до колена. Пејачката реши да биде „безобразна“ играјќи ја улогата на фатална жена расфрлајќи се пцовки кои поради карактерот на телевизиското шоу морале да бидат цензурирани.

Летерман за време на интервјуто стануваше видливо вознемирен, бидејќи нивниот разговор беше исполнет со „експлозивни“ изјави. Дејвид бил свесен дека ова интервју ќе биде најцензурираното интервју во неговата кариера…

Profimedia
Profimedia

Дејвид Летерман во 2018 година се врати со многу голем проект откако се повлече од сцената. Станува збор за оригиналното шоу „My Next Guest Needs No Introduction“ во продукција на „Netflix.

Како што вели и самиот наслов, во неговото шоу нема „малку познати“ личности. Летерман повторно опфаќа длабински интервјуа со гости за кои тој смета дека се фасцинантни. Секоја епизода вклучува далекусежен разговор со еден гостин.

Негов гостин беше поранешниот претседател Барак Обама, актерот Џорџ Клуни, Хауард Стерн и многу други. Дали Летерман повторно ќе ја покани Мадона на разговор?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот