Интервју со Сара Идризи, менаџер на италијанскиот ресторан „Венето“: Италијански ресторан Венето – Хедонизам и гастрономска магија на едно место

Сара Идризи Венето
Сара Идризи, менаџер на италијанскиот ресторан Венето

1. Со каква идеја и инспирација ја започнавте приказната за италијанскиот ресторан Венето?

– Постои една италијанска поговорка која гласи „Chi mangia bene mangia Italiano“ или „Оној кој добро се храни, јаде италијанска храна“. Италијанската кујна е една од најпознатите и најпосакуваните кујни во светот, па можам да кажам дека тоа беше и појдовната точка за започнување на приказната – Венето. Не секогаш сме во можност да отпатуваме надвор од границите на нашата држава, да посетиме некоја од светските метрополи и да уживаме во вкусната храна која ја нудат. Веќе 7ма година, успеваме да ја донесеме италијанската кујна на македонско тло и да им понудиме неверојатни специјалитети на сите наши посетители. Идејата и инспирацијата со која започнавме, пред сѐ се должи на хедонизамот и гастрономската магија, создадена од автентичниот вкус на уникатните италијански специјалитети.

Фото: Венето

2. Посетителите кои веќе биле во ресторанот, го опишуваат како топло и пријатно место со медитеранска магија, пропратено со гастрономски изненадувања од италијанската кујна. Што е тоа што го нуди Венето, а е поразлично од останатите места?

– Венето е синоним за префинетост, добра храна и оригинална медитеранска приказна. Венето е вистинско место за сите љубители на италијанската кујна, која што со себе ја носи магијата на Медитеранот достапна токму тука, во Скопје. Гастрономскиот рај создаден од нашите шефови, кои со своето врвно искуство креираат уникатно мени, кое што нуди кулинарски задоволства, како што се најразлични деликатеси со морска риба и морски плодови, месо, свежи салати, паста, десерти и многу други специјалитети, кои што ги будат сите сетила. Уникатноста на нашиот ресторан Венето се заснова на релаксирачкиот амбиент, позитивниот дух и префинетиот вкус на прекрасниот тим, кој со професионалната услуга овозможува неверојатно искуство за секој гурман. Токму затоа секој кој сака да избега од секојдневието и да се впушти во мeдитеранската магија, едноставно треба само да го посети нашиот италијански ресторан Венето и да ужива во добро приготвените специјалитети од нашите врвни шефови, во комбинација со квалитетно вино.

Сара Идризи
Сара Идризи, менаџер на италијанскиот ресторан Венето

3. За еден бизнис да биде успешен, покрај стратегијата за работење, голема улога играат и вработените. Како вие како менаџер ги мотивирате вашите вработени да го даваат максимумот од себе и да го задоволат секој еден посетител?

– Токму така успехот на секој бизнис се препишува токму на вработените бидејќи на некој начин тие се лицето и угледот на самиот ресторан. Затоа е многу битно да се има верен, вреден и професионален тим кој што заеднички секојдневно ќе градите успеси. Токму таков тим има нашиот ресторан и затоа се трудиме максимално да ги задоволиме сите потребни услови за работа, користејќи метода на мотивација и наградување. Секогаш успешно сработениот ден и секој задоволен гостин се исто така најголемата мотивација за секој од нас. Тимскиот дух, принципот на меѓусебно помагање и добра комуникација е клучниот фактор на успешното постоење на Венето. Со сигурност можам да кажам дека сум посебно горда на мојот тим. Исто така едукацијата и обуката се дел од алатките кои ги применуваме за унапредување на знаењето на вработените и на сите нови вработени кои што доаѓаат и сакаат да бидат дел од тимот на Венето.

Венето
Фото: Венето

4. Зошто италијанска кујна? Колку Македонците ја преферираат италијанската храна според вас?

– Влијанието на италијанската кујна е многу големо кај нас, а доказ за тоа се многубројните италијански рецепти, кои што ги преферираме секојдневно, како во домашната кујна, така и во угостителските објекти. Ние како италијански ресторан нудиме целосно хедонистичко доживување на италијански начин. Пицата, како еден од најпознатите италијански специјалитети, нашите шефови ја подготвуваат според оригинален рецепт и ги користат најквалитетните состојки. Италијанската кујна отсликува оригиналност, но и простор за збогатување на автентичните рецепти, нешто по кое сме веќе препознатливи. Подготовката на храната со употреба на свежи состојки носи посебно искуство за секој гурман. Специфичноста на италијанската кујна бара и големи вештини на готвачот, така што не секој може да подготви вкусна пица, паста или специјалитет со морски плодови. Нашите шефови се целосно посветени на оригиналноста на рецептите на Венето, а истото е евидентно со секој вкусен залак. Македонците се доста наклонети кон италијанската кујна, а главната причина е тоа што истата користи доста слични состојки од македонската и медитеранската палета на омилени специјалитети по кои е и познато ова поднебје, како кај нас, така и во светот.

Венето
Фото: Венето

5. Која е визијата на Венето?

– За одржување на долгорочен и сигурен успех на еден бизнис, од најголема важност е каква оперативна стратегија се поставува уште на почеток и дали секоја бизнис одлука се води според истата. Нашата единствена желба и визија е да продолжиме секојдневно да ги задоволуваме сетилата на сите посетители дури и за оние со најспецифични преференции и очекувања, како и да го задржиме квалитетот и стилот на Венето во секој избор од менито, во секое добре дојде, во секое „на здравје“. Страста кон италијанската кујна е нашата главна водилка низ целиот процес на растење и развивање на бизнисот. Опстојувањето на Венето низ годините на гастрономската скопска мапа се должи на напорната и посветена работа, љубезниот и искусен персонал, кој неуморно се труди да ги задоволи сите желби на гостите и врвните шефови, кои секогаш се отворени за експерименти. Со истата посветеност продолжуваме и понатаму да ги рушиме границите и да изненадуваме со вкусни специјалитети од Медитеранот со посебен потпис и шмек. Тоа е нашата најголема тајна.

Венето
Фото: Венето
Венето
Фото: Венето
Комерцијален ПР текст