Интер веќе бара замена за Лаутаро Мартинез

twitter/AfricaZilla

Колумбиецот Дуван Запата е желба на тренерот Антонио Конте, сличен тип на играч како белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку.

Се појави сериозен кандидат на „Џузепе Меаца“, откако сè почести се шпекулациите дека во наредниот летен преоден рок ќе бидеме сведоци на трансфер на Лаутаро Мартинез од Интер во Барселона.

А се чини дека и „неро-аѕурите“ се подготвуваат за заминување на младиот Аргентинец, па веќе го испитуваат трансфер пазарот и бараат негова потенцијална замена.

Доколку Интер го продаде Мартинез, сигурно нема да му недостасуваат пари за квалитетно засилување. Се шпекулира дека негова замена во миланскиот клуб ќе биде голгетерот на Аталанта, Дуван Запата.

Така пренесува „Калчомеркато“, воедно Колумбиецот е желба и на тренерот Антонио Конте, сличен тип на играч како белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку.

Инаку, Аталанта во јануари и официјално го откупи Запата од Сампдорија за нешто повеќе од 25 милиони евра, а сега го проценуваат својот напаѓач на најмалку 50 милиони евра.

Запата игра одлично од доаѓањето во Аталанта на лето 2018 година. Оттогаш одигра 66 натпревари во сите натпреварувања за тимот од Бергамо, постигна 40 голови и додаде 14 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот