ИНСТАГРАМ ЅВЕЗДА: 92-годишната супербабичка Лена сама патува низ светот и нема намера да се откаже (ФОТО)

Бабичката Лена – Јелана Јеркова, 92-годишната пензионерка од сибирскиот град Крснојарск, стана најстарата руска патничка ѕвезда на Инстаграм.

92-годишната руска бабичка одлучила своето време да го помине на патувања ширум светот, а сето тоа грижливо го документира со фотографии и го објавува на својот Инстаграм профил, за кој несебична помош добива од својот внук.

На 83 години прв пат одлучила да оди сама во посета на странска земја, а потоа се одлучила да штеди од својата пензија и дополнително да одгледува цвеќе и да поправа и крпи облека за да собере повеќе пари за патувања. А тоа многу и се исплатело, таа посетила многу земји и запознала многу луѓе.

View this post on Instagram

Вот и подходит к концу второе путешествие бабушки в Азию. Оно было наполнено новыми знакомствами и людьми. Последние два дня прошли в компании команды #Островсокровищ (@phuket_ekskursii). От всей души благодарим директора компании Максима (@maximphuket), Юлю @yulenka_mo и всех ребят, так или иначе помогавших бабушке . Так оперативно спланировать и все организовать могут только люди своего дела! Спасибо вам всем за эти новые места и эмоции. За два дня столько всего: Пхи Пхи Дон, Лагуна Пиле, катание на слонах. Хорошего вам сезона, больше солнышка и легких туров🌴🌞🌏! Ждем всех в гости в Красноярске! #бабаЛена #babushka1927 #babalena #babushka_1927 #еленаерхова #островсокровищпхукет #островсокровищ Granny's second trip in Asia is finishing. It was full of new friends and meetings. The last days were with the travel company #Островсокровищ (@phuket_ekskursii). Thanks a lot Maxim, Julia and all people who helped granny. You are all professionals. There are 2 days: Phi Phi ilands, Pule Lagune, elephant riding. Have you a good time and more a sunny days. Waiting for you in Krasnoyarsk!

A post shared by Баба Лена Ерхова (@babushka_1927) on

Руската баба добива зголемена пензија за службата како домашен работник во текот на Втората светска војна. Месечно одвојува околу 10.000 рубљи (136) евра за да ги финансира своите патувања.

Баба Лена, иако во доцни години, ужива во патувањата испробувајќи нови нешта и запознавајќи нови луѓе кои попат ги фасцинира и со своите години, но и со својот дух, како што вели таа.

Баба Лена е веќе позната во Русија, а тоа не и пречи туку напротив, ужива во тоа.

View this post on Instagram

Доминикана!

A post shared by Баба Лена Ерхова (@babushka_1927) on

Ги посетила Виетнам, Израел, Чешка, Германија, Турција… Баба Лена патува на старински начин. Не носи мобилен, доволна и е само мапа и фотоапарат. Таа најмногу сака да патува со авион, претходно се плашела, но сега вели дека со задоволство патува со авион.

„Патувањата за мене се нов живот, нови луѓе и состаноци. Особено задоволство е да се види како луѓето ве поздравуваат и како се однесуваат едни кон други. Најважната работа која ја научив во животот е тоа дека постојат многу фантастични луѓе во различни земји. Не постои нешто од што треба да се плашите“, пишува таа на својот Инстаграм профил.

Таа е веќе позната во Русија, а и самата признава дека ужива во популарноста, локалните туристички агенции на оваа нова „медиумска ѕвезда“ и нудат патувања по симболична цена.

И покрај тоа што има неколку здравствени проблеми таа одлучно вели дека додека е жива од патувањата никогаш нема да се откаже.

Оваа супербабичка ни докажува дека годините се само бројка, потребна е само желба и мотив да се успее во соништата. Таа не е само класичен турист, не посетува земји за да се бања, сонча, туку да собира нови искуства, да го истражува светот, а притоа воопшто не и е мака да проба и потполно нови работи.

Нејзините авантури можете да ги следите на Инстаграм профилот @babushka_1927, таа исто така има и свој YouTube канал и Facebook профил.

Прочитајте и...  Во еден момент станав мала и безначајна: Анџелина Џоли пропаѓа поради Бред Пит! (ФОТО)

Поврзани вести

Фаталната Ана Гарднер: Најголемата љубов на Френк Синатра и Ернест Хемингвеј

Слободен Печат

Жан Клод Ван Дам го прослави 60-от роденден, му честиташе и Драгана Мирковиќ (ФОТО)

Слободен печат

Дали асертивната комуникација е клучот за квалитетни меѓусебни односи?

Слободен Печат

Беше вистинска убавица и жена на славниот актер, а денес живее на улица и собира храна од контејнери (ФОТО)

Слободен печат

Никол Шерцингер изгледа неверојатно во својата петта деценија (ФОТО)

Слободен Печат

Каква промена! Издание во кое Џенифер Лопез изгледа речиси непрепознатливо (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар