Инсиње ќе го напушти Наполи, следната сезона ќе игра во Канада

Лоренцо Инсиње уште до крајот на оваа сезона ќе игра за Наполи/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Лоренцо Инсиње од Наполи ќе направи трансфер во редовите на Торонто, оваа информација ја пренесува новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Сè е договорено, 30-годишното италијанско крило и соиграч на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ја прифати понудата на канадскиот клуб.

Тој во јули како слободен агент ќе го облече дресот на Торонто. Според Џанлука Ди Марцио, договорот на пет и пол години треба да биде потпишан во текот на оваа седмица.

Инсиње уште до крајот на оваа сезона ќе игра за „наполитанците“, во Серија А има 15 настапи и четири голови.

Пред да се пресели во Неапол во 2012 година, ги бранеше боите на Пескара, Фоџа и Кавезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот