Фото: EPA/WILL OLIVER

Инфантино: Добивме 150 милиони барања за билети за Светското првенство 2026

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека за само 15 дена пристигнале 150 милиони барања за билети за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Со шест до седум милиони билети на располагање, побарувачката е рекордна, а Инфантино истакна дека за 100 години биле продадени само 44 милиони билети на сите Светски првенства.

Најмногу барања има од САД, следени од Германија и Велика Британија. Здруженијата на навивачи ја критикуваа високата цена на билетите, но ФИФА одлучи да понуди и билети по 60 долари.

Инфантино нагласи дека приходите од билетите ќе се вратат во фудбалските заедници низ светот, истакнувајќи ја важноста на ФИФА за развојот на фудбалот во 150 земји.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот