Инѕаги: Тешко е да го чуваме Јамал, но Барселона има и други квалитетни играчи
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инѕаги одговараше на прашањата од новинарите на конференцијата пред реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона во вторник од 21.00 часот во Милано.
Препорачано
Првиот натпревар заврши 3:3 и беше спектакуларен во кој „нераѕурите“ поведоа со 2:0, а потоа и со 3:2, благодарение на головите на Тирам и Дамфрис.
Победникот од овој двомеч во финалето закажано за 31 мај во Минхен, Германија, ќе се соочи со Арсенал или со ПСЖ.
– Сите ја знаеме важноста на натпреварот. Мораме да одиграме одлично против многу добар тим. Ја покажавме нашата сила. Ќе мора да бидеме решителни и подготвени. Тешко е да го чуваме Јамал, ќе се обидеме да ја ограничиме топката што ќе стигне до него, но тоа е невозможно. Знаеме дека е многу опасен. Тој размислува толку брзо, што е неверојатно, но Барселона има и други квалитетни играчи.
За Лаутаро ќе одлучиме во вторник. Ќе зависи од тоа како се чувствува, тешко е за играч кога не може да го започне натпреварот, а потоа да влезе во игра во последните 20 минути. За жал, секогаш сме имале некои проблеми, како што беа против Барселона и Баерн. Ќе видиме утре. Ќе донесам одлуки во наш најдобар интерес – рече Инѕаги.


