Инциденти во Атина на протестот против новиот закон за собири

Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент каде избија инцидентите.

Инциденти се случија вечерва на протестот пред грчкиот Парламент во Атина, каде пратениците треба да изгласаат нов закон за штрајкови и демонстрации.

Група маскирани млади лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни тврди предмети. Полицијата одговори со шок бомби и солзавец.

Предизвикана е материјална штета на дел од влезовите на хотели во близина на Парламентот, а испишани се и слогани на ѕидовита од хотелите.

Инцидентите продолжија и низ околните улици, но и покрај големото количество на солзавец, дел од демонстрантите сепак останаа пред Парламентот.

Попладнево на неколку различни локации во центарот на Атина беа организирани повеќе собири од Синдикатот на Комунистичката партија, левичарски и вонпарламентарни организации и партии, левичарско ориентирани студентски движења, членови на СИРИЗА, меѓу кои и поранешни министри и сегашни пратеници. Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент каде избија инцидентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот