Инцидент во фабриката Крушик: Во експлозија на мина повредени 8 лица

Воената фабрика Крушик во Ваљево/Фото: Скриншот

Во производствениот погон на воената фабрика „Крушик“ во Ваљево утринава околу 9 часот експлодирала мина, при што се повредени осум лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Според првичните информации, инцидентот се случил во работилницата „Фосфор 333“.

Како што соопштија медиумите, во просторијата каде што се случила експлозијата имало дваесетина луѓе.

Во Ургентниот центар се пријавиле осум работници, а според дежурното лице во МВР -Ваљево, повредите биле полесни.

Од ургентниот центар на Ваљево за „Данас“ изјавија дека едно лице е примено со тешки повреди.

Никој не е во животна опасност, но се уште не се знае степенот на повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот