Ин мемориам: Почина младиот музички уметник Илија Плевнеш

Илија Плевнеш (36) млад македонски музички уметник и тонски дизајнер, ненадејно починал на крајот на јануари во Париз, а вчера на 11 февруари, во присуство на семејниот круг беше испратен во своето вечно живеалиште во Охрид.

Илија Плевнеш, кој е од својата четиригодишна возраст живееше во Париз, од својата најрана младост учествуваше како актер во различни театрски проекти. Тој го одбележа своето академско образование со диплома за тонски инжинер на Институтот за супериорни звучни студии во рамките на париската ESRA.

Подоцна специјализираше во Њујорк, при тоа работејќи во познатото студио Quad Recording, каде што се снимени многу албуми на легендарни имиња на современата музичка сцена.

На филмски план оствари забележителна улога во македонско-францускиот игран филм „Тајната книга“, беше дел од уметничката екипа на тв филмот„Саленгро“ на Ив Буасе, и учествуваше во францускиот докуметарен филм за Есма Реџепова.

Во кругот на основачите на Францускиот филмски фестивал во Охрид, реализира портрети на познати француски синеасти, како што се Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Клод Милер и др.

Од основањето на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин,  беше еден од ангажираните афирматори на Балканскиот филм во Европа.

На музички план, подолги години работеше заедно со својот брат Константин Плевеш на различни уметнички проекти, а неговиот албум „Далеку од проблемите“ со рап теми, се очекува да се појави до крајот на годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот