Ин Мемориам: Почина Душан Дуда Ивковиќ

Кошаркарскиот свет е во тага по смртта на Дуда Ивковиќ/ фото: EPA/ARMANDO BABANI

Европската и светската кошарка денеска се завиени во црно откако од Србија пристигна веста дека почина великанот на југословенската, српската, европската кошарка, Душан Дуда Ивковиќ.

Ивковиќ починал рано утринава во болница во Белград како последица од вода во белите дробови и херпес, а веста на потврди првиот човек на Раднички, Горан Калиниќ.

– Во 6.50 часот Душан почина во болница во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови, кратко изјави Калиниќ, кој е претседател на Раднички, матичниот клуб на Душан Ивковиќ.

Душан Ивковиќ беше роден на 29 октомври 1943 година и се смета за еден од најдобрите и најуспешните европски и светски тренери. Тој со селекцијата на Југославија трипати триумфираше на Европските првенства – во Загреб 1989 година, во Рим 1991 и во Атина 1995 година.

Беше селектор и на репрезентацијата на Србија од 2008 до 2013 година и освои сребрен медал на ЕП. Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.

Како кошаркар тој настапуваше на бековската позиција, а како тренер ги водеше екипите на Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот