Имате отечено лице наутро? Еве како едноставно да го „спласнете“

Третманот е одличен и за отстранување на подочници.

Повеќето топ модели сосема „полудеа“ по новиот тренд наречен „Ice facial“, а меѓу нив е и Кејт Мос која секојдневно го практикува.

„Ice facial“ е всушност миење на лицето со мраз-ладна вода или уште подобро, со коцки мраз, а има повеќе бенефити. Подготовките за овој третман се едноставни и ефтини – во сад се става ладна вода и многу коцки мраз, а потоа лицето се нурнува во садот, односно во кофата, и се држи десетина секудни до 20-на, половина минутка за најхрабрите, и толку. Отечената кожа веднаш „спласнува“, а тенот станува сјаен.

Но, овој третман, освен што ги „брка“ отоците од лицето, има и други предности. Одличен е за отстранување на акни и бубулици, и за чистење на кожата, ако во коцките мраз се додаде и камилица. Чајот од камилица кој се додава во кофата со мраз, претходно треба да биде изладен преку ноќ во фрижидер.

Третманот е одличен и за отстранување на подочниците, особено кога наутро мразот ќе се држи на тоа место.

„Ice facial“ може да помогне и против големите пори. Наполнете голем сад со мраз-ладна вода, додадете неколку коцки мраз, а потоа едноставно, на кратко нурнете го лицето во водата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот