Има 69 години, четири деца и неверојатен изглед: Ова е тајната на бондовата девојка Џејн Симор! (ФОТО)

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Иако има 69 години, атрактивната актерка Џејн Симор ги остава и денес сите без здив со својата витка фигура и младешкото лице.

Убавата актерка Џејн Симор е една од оние дами кои можат да се пофалат со неверојатна фигура и во седмата деценија од животот.

Славната 69-годишна Британка која беше Бонд девојка, воодушевува со својата безвременска убавина, покажувајќи ја на Инстаграм профилот витката фигура во топ и хеланки во својата прекрасна градина.

Фото: Инстаграм

Витката половина и стомачните мускули ги воодушевија нејзините бројни фанови кои не штедеа да и доделат комплименти.

Фото: Инстаграм

„Прекрасна, неверојатна“, „Изгледаш како да имаш дваесет години“, се редеа комплиментите на сметка на актерката која живее во Малибу.

Фото: Инстаграм

Актерката во едно претходно интервју откри дека нејзиниот начин на исхрана главно се базира на пилешко месо и зеленчук, а како што вели, строгата диета никогаш не и донела успех.

Фото: Инстаграм

„Кај мене трикот е во умереноста бидејќи кога ќе си кажам на себе си: Ок може да го изедеш тој колач, но не цел, тоа поминува“, вели актерката која својата витка фигура ја одржува и со вежби.

Два пати неделно по 30 минути Џејн вежба пилатес, гиротоник и тн. „The Perfect Workout“ кој подразбира вежби со подигнување на мали тегови.

Фото: Профимедиа

За да се опушти, ужива во подготовката на омилените јадења, релаксирачката купка и дружењето со своите внуци.

Фото: Инстаграм

„Ме смирува звукот од брановите и водата. Земете си момент само за себе и уживајте во тие мали, но прекрасни моменти кои ја хранат нашата душа“, напиша атрактивната актерка, инаку мајка на четири деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот