Илон Маск збунет: Бил и позитивен и негативен на корона со брзите тестови

EPA-EFE
Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Извршниот директор на компанијата Тесла Илон Маск изјави дека истовремено направил четири тестови на коронавирус, од кои два биле позитивни, а два негативни.

Тој на својот Твитер налог го објави ова изразувајќи сомнеж дека нешто лажно се случува.

-Се тестирав денеска четири пати на коронавирус. Двата тестови беа негативни, а двата позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брз антиген тест, напиша Маск, најверојатно алудирајќи на брзиот тест од компанијата Бектон Дикинсон, пренесува Ројтерс.

Маск додаде дека направил и ПЦР тест и дека резултатите ќе му бидат дадени во рок од 24 часа.

На прашањето на еден од неговите следбеници на Твитер, дали има некакви симптоми на болеста, Маск му одговори дека се чувствува како да е настинат.

-Засега ништо невообичаено, рече тој.

Инаку, компанијата Бектон Дикинсон соопшти уште во септември дека повела истрага откако се појави информации дека нивните брзи тестови користени во домовите за стари лица давале погрешни резултати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот