Фотографија ЕПА, Роман Пилипи

Илон Маск, Тим Кук и директори од Волстрит патуваат со Трамп во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп неделава патува во Кина, придружуван од дел од најмоќните луѓе од американскиот бизнис, објави „Ројтерс“.

Во делегацијата ќе бидат Елон Маск, директорот на Епл, Тим Кук, првиот човек на Боинг, Кели Ортберг, како и директори и претставници на БлекРок, Блекстоне, Мета, Куалком, Виза, МастерКард и други големи американски компании.

Посетата доаѓа во момент кога Вашингтон и Пекинг се обидуваат да ги стабилизираат односите по долгата трговска војна и тензиите околу технологијата, царините и ретките минерали.

Според информациите, двете страни се очекува да дискутираат за нови механизми за олеснување на трговијата и инвестициите, додека Кина би можела да најави големи набавки на американски авиони, земјоделски производи и енергенси.

Во фокусот е Боинг, кој веќе подолго време преговара со Кина за можна нарачка од околу 500 авиони Боинг 737 МАХ, како и десетици широкотрупни авиони со мотори на ГЕ Аероспејс. Доколку договорот биде постигнат, тоа би била првата голема кинеска нарачка на Боинг од 2017 година и потенцијално најголемата нарачка на авиони во историјата.

Последната средба меѓу Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг се одржа во октомври лани во Јужна Кореја, кога двете страни се согласија привремено да ја смират трговската војна што доведе до високи американски царини за кинески производи и закани од Пекинг за ограничување на извозот на ретки минерали.

Брат за брат, Иран за Тајван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот