ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА СЕ ВО ПРАШАЊЕ: Еве колку тежат кадидатите за нов премиер на Косово

Телеграфи

Предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 6. октомври во Косово, ќе одлучат кој ќе биде новиот премиер или пак премиерка. Во време кога ова земјата е во исчекување на почетокот на официјалната кампања, а кандидатите се веќе официјално познати, во центарот на вниманието се врати богатството на петмината политичари кои ја имаат зацртано премиерска фотеља. Пред неколку месеци, кандидатите за нов премиер во Агенцијата за борба против корупцијата го пријавија нивното богатство.

Врз основа на изјавите на сите нив, произлегува дека Албин Курти, кандидатот на Движењето Самоопределување, има стан од 67 квадратни метри во вредност од 400.000 евра, кој е во сопственост на неговата сопруга во Норвешка. Курти не пријавил ниту еден недвижен имот во негова сопственост. Лидерот на Самоопределување изјавил дека платата што ја добива како пратеник достигнува 19.198 евра годишно, а на неговата сопруга 42, 240 евра, што ги добива од Норвешкиот институт за меѓународни работи (НУПИ), пренесува Топ Чанел.

Од друга страна, Фатмир Лимај, од Иницијатива – АКР изјавил дека во негова сопственост има стан вреден 70 илјади евра, земјиште во вредност од 500 илјади евра и куќа во вредност од 250 илјади евра. Лимај поседува автомобил од типот „БМВ“ во вредност од 10 илјади евра, додека заштедените пари – 6.985 евра. Како заменик премиер во заминување, Лимај пријавил дека прима месечна плата од 2.687 евра, додека неговата сопруга прима 5.400 евра годишна плата.

Кандидатот за премиер на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, во образецот за декларација на богатството, пријавил дека има стан од 2001 година во име на сопругата во вредност од 97.000 евра, деловен простор од 270 квадратни метри, чија вредност не ја пријавил, сопственост – куќа од 350 метри квадратни, наследена од неговите родители, како и наследство од 10 хектари планинско земјиште. Како претседател на Собранието, Весели изјавил дека добива плата од 33.870 евра. Неговата сопруга Виолета добива годишна плата од 3.420 евра како професорка во Гимназијата „Сами Фрашури“ и 17.640 евра од „Кобит ПЦ“. Весели исто така изјавил дека поседува возило „Jeep“ вреден 16.300 евра и заштедени пари во две банки заедно со неговата сопруга со вредност повеќе од 6.000 евра.

Поранешниот премиер и истовремено кандидат за премиер од коалицијата АИК-ПСД, Рамуш Харадинај, во Антикорупциска изјавил дека има станбена куќа издадена под кирија, семејна куќа-кула, ридско земјиште, парцела, станбена куќа и стан. Харадинај во декларацијата на имотот покажал дека има готови пари во износ од 71.720 евра, што ги има во една од банките на Косово, но има и финансиски обврски како што е кредит во износ од 133.931 евра.

Кандидатката на Демократскиот сојуз на Косово, Вјоса Османи, во списокот на недвижен имат покажа дека има стан чијашто вредност е 40.000 евра, како и гаража која е сè уште недоградена, но сепак вреди 2.500 евра. Османи исто така поседува парцела-земјиште, во вредност од вкупно 38.000 евра. Османи има околу 48.000 евра во готовина во финансиските институции. Пратеничката исто така изјавила дека има финансиска обврска кон правни и физички лица во вредност од 10 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот