Илјадници мртви фоки на Каспиското Езеро, можно е да се задушиле од гас

Musa Salgereyev / TASS / Profimedia

Најмалку 2.500 угинати фоки се пронајдени на плажите на Каспиското Езеро во Русија, соопшти Министерство за екологија на Дагестан, без притоа да ја посочи причината за масовниот помор.

Угинатите животни се пронајдени на десет километри долгото дагестанско крајбрежје на Каспиското Езеро.

Директорката на Руската агенција за мониторинг на природата, Светлана Радионова, рече дека „главна” причина би можело да биде гушење поради истекување гас од Каспиското Езеро.

Радионова посочи дека кон крајот на седмицава ќе бидат познати првите резултати од анализите, па ќе може да се каже дали има загадување на водата.

Сличен инцидент се случи на крајот на 2020 година, кога на плажите во Дагестан и Азербејџан беа пронајдени речиси две илјади мртви фоки.

На почетокот на минатиот век во Каспиското Езеро имало повеќе од милион фоки, а денеска ги има околу 68 илјади, односно помалку од седум отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот