Илјадници луксузни германски автомобили заглавени во американските пристаништа

Порше/ Фото Jamie Mann / Alamy / Profimedia

Илјадници автомобили од луксузните германски марки Ауди и Порше се заглавени на пристаништата во САД поради царинските проверки за делови од кинеско производство. Двете марки припаѓаат на германскиот автомобилски гигант Фолксваген и вклучуваат делови направени од неговите добавувачи во Кина, вклучувајќи ја и провинцијата Ксинџијанг, честа тема во западната јавност поради сомневањата за прекршување на правата на малцинството Ујгур.

„Се обидуваме да го решиме проблемот со доцнењето на испораката на одредени модели на возила од групацијата Фолксваген од американските пристаништа до дилерите, што е поврзано со царинската процедура“, изјави во четвртокот за агенцијата дпа портпаролот на ФВ.

„Испораката на возилата продолжува, но за жал можни се доцнења“, додаде портпаролот. „Причината е мала електронска компонента во контролната единица, која ќе биде заменета (…) штом ќе бидат достапни потребните делови“, објасни тој.

Според германскиот деловен весник Ханделсблат, „проблематичната“ компонента е инсталирана во 13.000 нови автомобили од подружниците на Aуди и Порше и британската луксузна марка Бентли.

Според Фајненшл тајмс, компонентата се произведува во западна Кина и не може да се користи во САД поради прописите против принудната работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот