Илиевски третопласиран на првата трка од серијата на Ултра маратони
На првата трка од серијата на Ултра маратони која се одржа во Робервал (Канада), на езерото Сен Жан, македонскиот пливач Александар Илиевски го освои третото место со време 7:18.48 часа.
Препорачано
Вториот наш претставник Евгениј Поп Ацев го зазема четвртото место со време 7:53.15.
Победник во машка конкуренција беше пливачот од Италија, Едуардо Стокионо со време 6:55.04.
Кај жените пливачката од Франција, Дорник Моргане ја освои првата позиција со време од 7:19.08 часа.
Од вкупно девет пливачи во машка конкуренција пет ја завршија трката.
– Конечно подиум на едно големо натпреварување од светски рамки. Освоено трето место на еден од најтешките маратони во мојот живот. По км и не е многу само 32км, но температурата на водата и условите навор, ветерот брановите го прават маратонот да биде уште потежок. За првпат мислам дека дадов над 100% од мене. Успев да се справам со хипотермијата на телото која ја имав првите три часа, ја пребродив психички кризата и успеав. Пресреќен сум, затоа што овде ретко кој ја има таа чест да се качи на подиум. После Теодора Раптис, Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев и јас ја имав таа чест за првпат да се качам на подиум тука во Канада – рече Илиевски по завршниот маратон во Робервал.


