„Или си внатре или си надвор“: Кралицата Елизабета ладнокрвно ги одби Хари и Меган

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Англиската кралица Елизабета го одбила барањето кое и го упатија внукот принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл поради тоа што тие сами одлучија да не бидат повеќе дел од кралското семејство.

Помина речиси една година откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука и објавија дека се повлекуваат од должноста во британското кралско семејство. Принцот и поранешната американска актерка минатата пролет се преселија во Канада, а веднаш потоа одлучија да купат куќа во родниот дом на Меган, Калифорнија, каде живеат и денес.

Иако е очигледно дека ги прекинале сите врски со Лондон, Меган и Хари во оддлни ситуации сепак сакаат да бидат дел од таа институција, но тоа не им го дозволи кралицата.

Фото: Профимедиа

„Daily Mail” пишува дека на кралицата Елизабета и биле потребни две секунди за да ги одбие кога се јавиле во кралската палата пред Денот на сеќавањата на починатите војници во војните, кој во Велика Британија е исклучително важен.

Принцот посакал кралското семејство и во негово име да положи цвеќе за починатите, но неговото барање експресно било одбиено бидејќи, освен кралските, тој се откажа и од војните должности. Неговото барање не го одбила администрацијата, туку директно кралицата, пишуваат британските медиуми.

Фото: EPA-EFE/BUCKINGHAM PALACE HANDOUT

Иако го обожaва внукот Арчи, ставот на кралицата јасно се знае – или си внатре или си надвор.

„Меган и Хари никој не ги избрка од семејстовто и секогаш ја имаа поддршката. Сами заминаа и не постои начин тие повеќе да бидат со едната нога внатре“, пишуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот