ИХФ Супер Глоуб 2022: Четири групи, 12 екипи по трофејот во Дамам

Барселона е најтрофејна екипа во ИХФ Супер Глоуб/фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Извлечена е жрепката за ИХФ Супер Глоуб 2022 во Саудиска Арабија, вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во периодот од 18 до 23 октомври во Дамам ќе се натпреваруваат 12 екипи.

Четири европски екипи ќе бидат фаворити во групи со по три екипи – Магдебург, Келце, Бенфика и актуелниот првак во Лигата на шампионите Барселона.

Египетскиот клуб Ал Ахли има најголеми шанси да изненади една од европските селекции.

Супер глоуб ИХФ 2022:

Група „А“: Магдебург (Германија), Сиднеј Уни (Австралија), Калеј (Саудиска Арабија)

Група „Б“: Ал Ахли (Египет), Мадар (Саудиска Арабија), Бенфика (Португалија)

Група „Ц“: Хандебол Таубате (Бразил), Ал-Кувајт (Кувајт), Келце (Полска)

Група „Д“: Барса (Шпанија), Клуб Министрос (Мексико), Есперанс де Тунис (Тунис)

Најтрофејна екипа во ова натпреварување е Барселона која славеше петпати, по две титули имаат Фуксе Берлин (Германија) и Сиудад Реал (Шпанија), а по една шпанските Атлетико Мадрид и Кантабрија, германските Кил и Магдебург и катарскиот Ал-Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот