Игротеките сами изработиле протокол – бараат отворање на објектите

-Бараме Комисијата за заразни болести да даде препорака да ги отвориме објектите по примерот на земјите од соседството, кои што повеќе од еден месец беспрекорно работат, затоа што животот продолжува со почитување на протоколите за заштита на здравјето, вели претседателот на Групацијата.

Финансиска помош од државата и дозвола за работа од Комисијата за заразни болести, ова се барањата од Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и игротеки. Игротеките велат самите изработиле протокол за работа земајќи ги предвид позитивните практики од соседните земји и дека по три ипол месеци подготвени се да ги отворат објектите и да почнат со работа.

-Бараме Комисијата за заразни болести да даде препорака да ги отвориме објектите по примерот на земјите од соседството, кои што повеќе од еден месец беспрекорно работат, затоа што животот продолжува со почитување на протоколите за заштита на здравјето. Изминативе денови на Комисијата и ги предадовме и предлог протоколите кои сами ги изработивме, следејќи и прифаќајќи ги позитивните примери на земјите од соседството, кои сме подготвени да ги почитуваме во целина. Сите предлози и дополнувања од Комисијата за заразни болести се добредојдени, рече Трајко Николовски, претседател на Групацијата.

Тој нагласи дека компаниите од секторот најпрво бараат финансиска поддршка во висина на половина од просечниот месечен бруто приход земен од времето кога работеа, секој месец без прекин на неодредено време до нивно повторно отворање, како би можеле да ги сервисираат закупнините, режиските трошоци, платите и придонесите во периодот кој им претстои затоа што, како што рече, моментално не работат, имаат промет нула и се уште се затворени.

Тој посочи дека во овој сектор работат повеќе од илјада луѓе и егзистираат исто толку семејства.

– Бараме одговор, дали треба да дозволиме овие 1.000 семејства да останат без егзистенција, да останат без работните места кои сами ги створиле и да изгубат се што вложиле, посочи Николовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот