Играше и за БАТЕ Борисов, Рушевиќ е новиот напаѓач на „романтичарите“
Работнички го доведе второто засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на „романтичарите“ е српскиот интернационалец Анес Рушевиќ.
Препорачано
Тој потпиша договор на една и пол година со скопскиот клуб и веќе го имаше првиот тренинг со екипата. Рушевиќ (25) треба да ја засили конкуренцијата во нападот на Работнички и доаѓа од редовите на српскиот прволигаш Јавор Ивањица.
Во кариерата Рушевиќ има играно и за Пролетер Нови Сад, Напредак Крушевац, Бате Борисов и за Нови Пазар. Тој има настапувано и за младинската репрезентација на Србија до 20 години.
Работнички веќе означи старт на зимските подготовки за вториот дел од сезоната, како што е познато клубот го напушти Лука Станковски (кој се пресели во турскиот Газиантеп), а прво зимско засилување беше Арменд Алими доаѓајќи од редовите на ФК Шкендија.
Играчите на тренерот Борче Христов со цел да ја темпираат формата, ќе одиграат и неколку пријателски натпревари, од 20 јануари тимот ќе замине во турскиот туристички центар Анталија, а враќањето во Македонија е предвидено за 31 јануари. Првиот пријателски меч „романтичарите“ ќе го имаат на 18 јануари против Македонија Ѓорче Петров.


