Игра за 100 евра, а сега го купи својот клуб и го спаси од банкрот!

фото: твитер

Висла Краков имаше огромни финансиски проблеми и пред пандемијата на коронавирусот, а оваа зараза уште повеќе ја зголеми кризата во клубот.

Прославениот полски фудбалери Јакуб Блашчиковски одлучи да ја спаси својата Висла Краков од банкрот со тоа што ја купи.

Клубот имаше огромни проблеми и пред пандемијата на коронавирусот, но откако заразата се прошири ширум светот и ги прекина спортските натпреварувања, полскиот великан влезе во додатни проблеми.

Во моментот кога првите луѓе на Висла размислуваа за банкрот, се појави 34-годишниот Блашчиковски и заедно со уште неколку пријатели го спаси клубот, пишуваат полските медиуми.

Сето тоа се случи за краток период, легендарниот напаѓач и сега член на Висла, со двајца пријатели бизнисмени, Томас Јадзински и Јарослав Кролевски го одлучија да го купат клубот и ги отплатат сите неговите долгови кои ги имаа во минатото.

Блашчиковски освен играч, ќе биде еден од сопствениците, но и финансиер. Во својата кариера играше и за екипите на Борусија Дортмунд, Фиорентина, Волфсбург…

Минатата зима дојде во Висла со цел да му помогне на тимот да обезбеди опстанок. Прифати да игра за околу 100 евра месечно и уплати 300.000 евра на сметката на клубот со цел да се подмират претходните долгови,

Висла 14 пати беше шампион на Полска, а последен пат беше на врвот во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот