Фото: EPA/Juanjo Martin

Игор Тудор веќе не е тренер на Тотенхем

Хрватот Игор Тудор веќе не е тренер на Тотенхем, објави денеска англискиот фудбалски клуб. Како што е објавено, одлуката е донесена со меѓусебна согласност.

Тудор беше назначен за тренер на екипата на 14 февруари до крајот на сезоната, а на седум мечеви во сите натпреварувања забележа една победа, едно реми и пет порази.

„Им се заблагодаруваме на Игор, Томислав и Рикард за трудот што го вложија во изминатите шест недели, во кои работеа неуморно. Исто така, ни е жал за загубата што Игор неодамна ја претрпе и му ја испраќаме нашата поддршка нему и на неговото семејство во ова тешко време“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Лондонскиот клуб не објави кој ќе го предводи тимот во наредниот период.

Тотенхем е на 17 место на табелата во Премиер лигата со 30 бода, додека Вест хем, кој е во зоната за испаѓање, има 29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот