ИФО: Со зголемување на побарувачката до подобрување на економијата

Продавниците за време на пандемијата ковид-19/ Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Политиката на намалување на цените е присутна во сите сектори, но е најиразена во големопродажбата и малопродажбата.

Една од последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус е масовниот пад на цените, за што се одлучуваат многу компании, затоа што падот на побарувачката им се заканува повеќе од проблемите поврзани со нарушувања на синџирот на снабдување, се вели во студијата на институтот ИФО.

– Резултатите од нашето истражување сугерираат дека мерките на економската политика за зајакнување на побарувачката можат значително да помогнат во стабилизирање на економијата, изјави Себастијан Линк, истражувач и коавтор на студијата објавена во публикацијата Шнелдинст, која ја објавува ИФО.

„Слабата побарувачка зема поголем данок од компаниите погодени од корона-кризата отколку недостигот на работни часови или нарушувања на синџирот на снабдување, предизвикани од пандемијата”, се наведува во соопштението од Институтот.

,- Нашите наоди покажуваат дека компаниите кои се погодени од кризата, веројатно ќе ги намалуваат цените, објаснува Линк. Тој дополнува дека политиката на намалување на цените е присутна во сите сектори, но е најиразена во големопродажбата и малопродажбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот