Идентификација на предизвикувачи на респираторни инфекции

Фото: Профимедиа

Горните респираторни инфекции со различни симптоми, кои се движат од течење на носот, болки во грлото, кашлица, до отежнато дишење и летаргија, се една од најчестите причини за посета на лекар. Во светот, горните респираторни инфекции се најчеста болест, која води до отсуство од училиште или од работа.

Иако горните респираторни инфекции можат да се појават во кое било време, тие се најчести во есенските и зимските месеци, од септември до март. Ова може да се објасни затоа што ова се вообичаени училишни месеци кога децата и адолесцентите поминуваат многу време во групи и во затворени простории.

Поголемиот дел од горните респираторни инфекции се должат на самоограничени вирусни инфекции. Повремено, бактериски инфекции може да предизвикаат инфекции на горните респираторни патишта. Најчесто, горната респираторна инфекција е заразна и може да се шири од личност до личност со вдишување на респираторните капки со кашлање или кивање.

Пренесувањето на респираторните инфекции многу често може да се случи и со допирање на носот или устата со рака или друг предмет изложен на вирусот или бактеријата.

„Биотек лабораторија“ ви нуди можност да го идентификувате предизвикувачот (било вирусен, било бактериски) на респираторната инфекција.

Нашите дијагностички процедури со употреба на класични бактериолошки методи како и современи молекуларни методи со PCR real time испитување, нудат можност за брза и точна идентификација на предизвикувачите на респираторните инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот