Идеја за идиличен есенски викенд: „Кутмичевица“ е лулка на нашата традиција, која се негува од дамнина

кутмичевица
Кутмичевица / Фото: Приватна архива

Пробајте од домашната лозова ракија, која е наградувана со злато на меѓународни фестивали, од познатото црвено вино произведено од сопствени винови насади, домашно подготвените луканци и меленото месо, питите, од производите од вевчанските домаќинства…

кутмичевица
Фото: Приватна архива

Сместено на падините на планината Јабланица, на надморска височина од 900 метри, раширено сè до Охридско-струшкото поле, Вевчани е божествена убавина во која Бог кога давал, дал отповеќе, и оставил да уживаме во секој детаљ од неговата раскош. Вевчани има толку голема приказна, која не ти дозволува да си заминеш, а да не ја почувствуваш.

кутмичевица
Фото: Приватна архива

Денес ќе ја раскажеме таа од Горна Мала, од прекрасната „Кутмичевица“. Пансионот „Кутмичевица“ е местото што не смеете да го одминете кога сте во посета на Вевчани и околината. Од таму ни доаѓаат многу приказни, незаборавно убави моменти на кои луѓето постојано се навраќаат. Пансионот е пуштен во употреба на 11 јануари 2006 година и оттогаш па сè до денес е синоним за вистинско гастрономско уживање и квалитет.

кутмичевица
Фото: Приватна архива

Сместен е во реставрирана куќа стара повеќе од 200 години, во која, според раскажувањата на Вевчанци, се служела храна за мајсторите кои во 1830-тите години работеле на изградба на главната црква „Св. Никола“. Токму тие мигови се сметаат за почетоци на угостителската дејност во оваа семејна куќа, која сега претставува споменик на неискоренетата култура, далеку познатата и автентична вевчанска архитектура и од каде што се пружа најубавиот поглед кон околната природа, Охридското Езеро, Струшкото поле, па сè до врвот Пелистер.

кутмичевица
Фото: Приватна архива

Освен специфичниот, традиционален амбиент, она што ја издвојува „Кутмичевица“ е богатото мени составено од сопствено одгледани производи од овошје и зеленчук, домашна лозова ракија, која е наградувана со злато на неколку меѓународни фестивали, познатото црвено вино произведено од сопствени винови насади, домашно спремени луканци и мелено месо, пити, како и производи од вевчанските домаќинства, со кои се унапредува локалната соработка и истовремено се поддржуваат малите, семејни бизниси.

кутмичевица
Фото: Приватна архива

Токму поради ваквата богата понуда на домашни еко-производи и локални, вевчански специјалитети, „Кутмичевица“ неодамна стана дел од познатата „Слоуфуд“ (Slowfood) организација, која своите принципи ги темели на локални и сезонски производи и вклучува места кои рефлектираат исклучиво локални вкусови и квалитет, места што служат храна позната по нивната вредност и верност кон традицијата.

кутмичевица
Фото: Приватна архива

Го прашавме популарниот блогер за храна, шеф Попоски Бранко, вевчанец „со тапија“, познат како „Готвиме со Бранко“ (Cooking With Branko), како би го опишал „Пансион Кутмичевица“ и зошто секој мора да го посети ова место кога оди во Вевчани.

-После дома, „Пансион Кутмичевица“ е тоа што ми недостига. Вкусната традиционална храна, убавата македонска музика, вевчанското вино и пријателите се нешто што останува. Нешто што не ти дозволува, а да не се сетиш на момент на сето она што ти ја полни душата со убајни. „Кутмичевица“ е извор на неверојатни гастрономски искуства. Тој е лулка на нашата традиција, која се негува од дамнина. Доволно е да дојдете во Вевчани и да се разбудите во „Кутмичевица“. Останатото оставете го на тимот кој повеќе од 15 години го нуди и се стреми кон најдоброто. Дојдете во Вевчани, дишете длабоко, препуштете се на уживање, телото нека ви биде благодарно. Пансион „Кутмичевица“ е местото каде што сонцето ја грејт душата – порачува шеф Бранко.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
кутмичевица
Фото: Приватна архива
Видео на денот