Ибрахимовиќ откри зошто никогаш не ја добил „Златната топка“ и раскажа анегдота: Мајка ми мислеше дека сум починал
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ беше гостин во новата епизода од серијалот „(Не)успехот на шампионите“, каде што отворено зборуваше на различни теми, од „војната“ во Босна и Херцеговина, па сè до приватни моменти од својот семеен живот. Во разговорот, Ибрахимовиќ се осврна и на причините зошто никогаш не ја освоил „Златната топка“, трофеј кој, меѓу другите, заврши и во рацете на Хрватот Лука Модриќ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Тоа што беше Модриќ, можев да бидам јас. Но, ја платив цената на мојата ароганција и самодоверба, па затоа не ја добив „Златната топка““, искрено призна Ибрахимовиќ.
Потоа раскажа и интересна анегдота поврзана со неговата мајка, која воопшто не го следела фудбалот. Кога за време на неговиот трансфер во Ајакс го видела накратко на телевизија, помислила дека починал.
„Татко ми пееше, во главата сè уште ја носеше „војната“, а мајка ми готвеше за сите. Тие ништо не знаеа за фудбалот. Кога го потпишав првиот договор со Ајакс и таа ме виде десет секунди на телевизија, помисли дека сум мртов. Веднаш ме побара по телефон и ме праша што се случило. Јас ѝ реков: одам во Ајакс, ќе станам професионалец“, раскажа Златан.
Емисијата ќе се емитува во три дела, а второто продолжение е закажано за следниот понеделник.


