Ибрахимовиќ си заминува од Милан

твитер

Повеќенеделните шпекулации добија потврда, Златан Ибрахимовиќ и Иван Газидис не успеаја да пронајдат заеднички јазик.

Како што пренесува „Скај Спортс Италија“, Ибрахимовиќ нема да остане во Милан и во наредната сезона.
Главен проблем во преговорите со Иван Газидис и барањето на Ибрахимовиќ да добие плата од шест милиони евра, додека од друга страна управата на „росоњерите“ планира да спроведе мерки на штедење и таа сума не се вклопува во пресметките за новата сезона.

Телевизија смета дека претседателот на Милан воопшто и немал намера да го задржи Ибрахимовиќ во тимот и дека барањата на фудбалерот само го забрзале неговото заминување од „Сан Сиро“.

Како следна дестинацина на одличниот напаѓач се споменува татковината, поточно Хамарби, клуб во кој минатото лето стана акционер. Златан Ибрахимовиќ во јануари пристигна во МНилан и на 11 натпревари постигна четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот