Ибрахими ја потврди средбата Гаши – Заев: Не ја уриваме Владата, таа сама ќе потоне

Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими за „Слободен печат“ ја потврди информацијата дека претседателот на партијата Африм Гаши вчера се сретнал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Ибрахими не открива детали за што зборувале Гаши и Заев, но вели дека секако тема не била уривање на Владата на премиерот Димитар Ковачевски.

„Средбата во никој случај не била за урување на Владата на Ковачевски. Владата ќе ја оставиме самата да потоне, оти и онака идната пролет ќе падне“, вели Ибрахими.

Тој објаснува дека средбата меѓу Заев и Гаши била претходно планирана, но поради приватни обврски на Заев таа се реализирала вчера.

На средбата Гаши и Заев размениле мислења за политичките случувања во Македонија.

Алтернатива ја напушти Владата по влезот на Алијанса за Албанците на „Илинденска“.

Независниот пратеник и поранешен сопартиец на Гаши, Скендеер Реџепи на Фејсбук објави фотографија од средбата помеѓу Гаши и Заев во Струмица.

„Прашање за 1 милион евра? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“, праша Реџепи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот