ИБРА: Здраво Шпанија, погодете што, се враќам! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/lbudhrani

Златан Ибрахимовиќ по пат на социјалните мрежи кратко најави дека се враќа во Шпанија, не прецизираше дали станува збор за трансфер.

– Здраво Шпанија. Погодите што, се враќам – кратко најави Ибрахимовиќ и ги остави во дилема фановите.

Останаа уште два месеци од договорот со американскиот клуб Лос Анџелес Галакси, но после неславниот крај во МЛС шампионатот, медиумите веќе започнаа со шпекулации каде би можел Ибра да ја продолжи кариерата.

Да потсетиме, во периодот од 2009-2011 година играше за екипата на Барселона со која успеа по еднаш да ги освои „Ла Лига“, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство, а двапати шпанскиот Суперкупот.

Светските обложувалници веќе и објавија коефициенти на клубови кои имаат најголеми шанси за ангажман на Швеѓанецот. На првото место е Реал Мадрид, следуваат Атлетико Мадрид, Барселона…

Претходно се поврзуваше со клубови од Серија А, како Интер и Наполи, но оваа вест одекна како „бомба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот