Ибака потпиша за Клиперси, Рондо го напушти шампионот и се пресели во Атланта

фото: твитер

Првите денови на преодниот рок во НБА лигата веднаш донесоа неколку изненадувачки трансфери.

Еден од најитересните е тој на досегашниот играч на Торонто репторс, Серж Ибака кој се пресели во Западната конференција. Ибака потпиша двегодишен договор со екипата на ЛА Клиперс тежој 19 милиони долари. Ибака во Клиперси доаѓа како замена за Монтрез Харел кој се пресели во редовите на градскиот ривал и актуелен шампион, ЛА Лејкерс.

Лејкерси загубија двајца одлични бекови, Ражон Рондо и Ејвери Бредли откако претходно се засилија со Денис Шрудер.
Рондо потпиша двегодишен договор со Атланта хоукс за што ќе добие 15 милиони долари, додека Бредли замина во редовите на вицешампионот Мајами хит за 11.6 милиони долари за две сезони.

Шампионот успеа да го задржи Кентавиус Колдвел Поуп кој доби нов тригодишен договор тежок 40 милиони долари.
Поранешниот ол стар играч, Гордон Хејворд по три сезони поминати во Бостон селтикс и постојани проблеми со повредите, одлучи да ја промени средината но останува во Источната конференција. Хејворд се согласи да потпише четиригодишен договор со Шарлот хорнетс за сума од 120 милиони долари.

Еден од најискусните кошаркари на Денвер нагетс, Пол Милсап потпиша едногодишен договор со досегашниот клуб за сума од 10 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот