И владата на Австралија потврди дека го одби Ѓоковиќ

Тим Хенман вели дека Новак Ѓоковиќ нема да биде топло пречекан на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Австралиската влада потврди дека му го одби барањето за виза на Новак Ѓоковиќ.

Федералниот министер за здравство Грег Хант за телевизијата Канал 7 потврди дека „Ѓоковиќ не успеал да обезбеди релевантни докази за влез во Австралија и поради тоа барањето за виза му е одбиено“

„Странските државјани кои немаат валидна виза за влез или визата им е одбиена, ќе бидат депортирани од Австралија“, соопшти австралиската влада.

Новак Ѓоковиќ во 13.30 часот по средноевропско време пристигна во Мелбурн, но беше запрен од царинските и граничните службеници поради проблеми со визата. Тимот на Ѓоковиќ поднел погрешно барање за виза, во нивното барање не било за медицинско изземање поради што српскиот тенисер дури шест часа беше испрашуван од службениците.

Потоа, до конечното донесување на одлуката, Ѓоковиќ беше ставен во имиграциски притвор и притоа му беше одземен мобилниот телефон, а пред собата стоеја полицајци.

Конечната одлука да не му се одобри виза за влез во Австралија и да ја брани титулата на гран слем турнирот во Мелбурн беше донесена пред половина час.
– Премиерот веќе напомена дека Австралијанците мора да покажуваат сертификати за вакцинација за влез во кафуле, ресторан, а не пак за влез во земјата. Доколку не се исполнети условите, тогаш сите треба да бидат третирани идентично. Тешка одлука е ова, но повторувам дека сите мора да имаат ист третман – изјави министерот Хант.

Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш поднесоа жалба на оваа одлука и тенисерот ќе остане во Австралија се до појавувањето пред суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот