И Украина конечно победи во квалификациите
Селекцијата на Украина по пет нерешени натпревари, конечно славеше во квалификациите за Мундијалот во Катар. Украинците со 1:2 славеа на гостувањето во Финска.
Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, Јармоленко во четвртата минута го отвори резултатот, Тему Пуки во 29 минута израмни на 1:1, а победата на Украина и ја донесе Јаремчук со голот во 34 минута.
Со победата и трите бодови, Украина се искачи на второто место на табелата со осум бодови, два повеќе од БиХ, а четири помалку од лидерот Франција.
Шведска немаше никакви проблеми во дуелот со Косово и со головите на Форсберг, Исак и Куаисон славеше со 3:0, додека Грција благодарение на головите на Бакасетас во 90 минута од пенал и на Пелкас во 95 минута ја совлада Грузија.
Највозбудливо беше во Глазгов каде Шкотска со пресврт дојде до победата над Израел од 3:2. Израелците во два наврати водеа со головите на Захави и Дабур, но Шкотланѓаните и покрај промашениот пенал на Дајк, успеаја да направат пресврт благодарение на Мекгин, Дајкс и Мектомини кој победничкиот гол го постигна во судиското продолжение.