И Судскиот совет се вклучува во проверката на обвинувањата од австрискиот амбасадор

Фото: МИА

Судскиот совет ќе ги проверува наводите во известувањето на Амбасадата на Австрија откако амбасадорот Георг Вуцас испратил поднесок со наслов известување, а во прилог додал и исечок од објавен текст во неделникот „Фокус“.

„Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, а кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија“, велат од Советот.

Оттаму додаваат дека од работната средба произлегол заклучок дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелацискиот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки.

„По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продолжи со преземање на конкретни дејствија за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, велат од Советот.

Амбасадата на Австрија, преку писмено соопштение вчера упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во земјава, бидејќи како што соопштија оттаму „се одолжува процесот за наплата на долг што македонска фирма го има кон австриска фирма, инвеститор во земјава“ и се бара смена на судии и обвинители.

Претходно на обвинувањата од австрискиот амбасадор одговори Јавното обвинителство со информација дека по наведениот предмет и по пднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот