И рускиот пикер Калараш ќе го напушти Вардар 1961?!

фото: рк вардар

Голем број на играчи си заминуваат од редовите на Вардар 1961, а денеска тоа преку социјалните мрежи најверојатно го направи и Глеб Калараш.

Рускиот пикер на својот Инстаграм профил објави слика од освоен трофеј со „црвено-црните“ во СЕХА Газпром лигата и им се заблагодари на сите.

Останува да се види дали ќе се остварат шпекулациите дека Французинот Жереми Тото кој исто така игра на пикерската позиција ќе дојде во Скопје од редовите на Висла Плоцк.

Покрај Калараш, од претходно се знае дека Вардар 1961 ќе го напуштат уште Марко Кизиќ, Робин Кантегрел, Кристиан Дисингер, Ловро Јотиќ, Иван Чупиќ и тренерот Стевче Алушовски.

Калараш со „црвено-црните“ во 2019 година успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gleb Kalarash #21 (@g_kalarash_21)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот