И Роналдо го спушташе погледот: Никол и неговата вереница во војна со деколтеата (ФОТО)

Во Севиља вчера беше доделувањето на MTV европските музички награди, а настапуваа бројни ѕвезди.

Воодушеви како и секогаш, поп ѕвездата Дуа Липа (24) која беше една од главните изведувачи кои настапуваа на овогодишното доделување. На бината своите вокални способности ги покажаа и мексиканската поп ѕвезда Софија Рејес, но и Ејкон, Ава Макс, Мабел

Вниманието на фоторепортерите беше насочено кон музичарите се додека на црвениот тепих не прошетаа играчот на Јувентус Кристијано Роналдо (34) и неговата вереница Џорџина Родригез (25).

Во кралско син фустан со длабоко деколте и шлиц весело позираше покрај својот партнер, кој за оваа пригода одбра црвено одело и бела маичка.

Во провокативно издание беше и пејачката Никол Шерцингер (41) во црниот фустан со спуштени рамена кои дополнително го нагласија нејзиното деколте. Го комбинираше со високи сребрени чизми над колена.

Наградата MTV за најдобар видео спот ја доби Тејлор Свифт (29) за песната „Me“, која ја изведува заедно со Брендон Уриe (32). Во категоријата за најдобар хип-хоп победи Ники Минаж (36), а најдобар електронски звук според MTV произведува Мартин Гарикс (23).

профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот