Фото: Инстаграм/Лепа Брена

И покрај повредата на зглобот, Лепа Брена реши да пее на Нова година

Регионалната пејачка Лепа Брена објави стори на Инстаграм во кое најавува нов концерт и покрај неодамнешната повреда на зглобот и операција на Клиниката за трауматологија. Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Се гледаме, ве сака ваша Брена!“, напиша таа во објавата и го додаде текстот на песната на Квин, „The Show Must Go On“.

Пејачката во средата беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија во Драшковиќева, каде што заврши на операција по концертот. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.

„За жал, синоќа во еден од незаборавните моменти на половина концерт се случи несреќа, кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека сѐ ќе биде во ред, но ми треба малку време да се опоравам во моментов. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од сѐ срце“, изјави претходно Брена на своите социјални мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот