И покрај критиките, Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на „Охридско лето“

инстаграм

Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ на 7 август ќе настапи на „Охридско лето“ во Античкиот театар.

На социјалните мрежи се појави документ со програмата на Фестивалот, по што следуваа бурни реакции за Јоксимовиќ. Оваа информација предизвика негодување, со оглед на тоа дека досегашната концепција на фестивалот не подразбираше настапи на музички ѕвезди од овој тип.

Веста за настапот на Јоксимовиќ ја потврдија од ПР-службата на Фестивалот „Охридско лето“.

Јубилејното 60. издание на „Охридско лето“ требаше традиционално да почне на 12 јули, но поради пандемијата на коронавирусот, свеченото отворање е закажано на 4 август, роденденот на фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот