Весна Јаневска / Фото: Слободен печат /Драган Митрески

И оваа учебна година нема учебници за странски јазици, останатите се испорачуваат

Оваа учебна година во основните и средните училишта ќе бидат доставени учебници по сите предмети, освен учебници за странски јазик. Дистрибуцијата е почната и се очекува до 1 септември да бидат испорачани во училиштата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска појасни дека учебници за странски јазик нема да има ниту оваа учебна година, бидејќи претходната Влада го поништила тендерот и сѐ уште е во жалбена постапка.

Како што рече таа,  учебници ќе има и по Историја и општество за петто и шесто, и Историја и Географија за седмо одделение.

– Нив ги видов како урнек и навистина се убави учебници – додаде Јаневска.

Во однос на контролата во високото образование, за што со одлука на Владата ќе се основа посебно тело, Јаневска информираше дека тоа се формира и дека од Просветниот инспекторат веќе е побаран увид во работата на неколку универзитети.

Јаневска: Директорите добија термин за прием на учебници, дистрибутерите немаат должност да доаѓаат по двапати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот