И на плажа е можно да го сокриете вишокот килограми: Трик со бикинито кој веќе го користат и светските ѕвезди (ФОТО)

профимедиа

Доколку подолго време имате вишок килограми или пак за време на карантинот додадовте некој килограм плус, тоа нема да ви биде проблем во ова бикини. Доколку оваа година се одлучите да отпатувате некаде на одмор ние имаме повеќе од одличен совет за вас…

Кога станува збор за дводелниот костим за капење, многу девојки го избегнуваат бидејќи со него се покажува повеќе кожа, односно можно е да се види вишокот во пределот на стомакот и половината.

Дизајнерите дојдоа до одлична идеја со цел да им помогнат и на најнесигурните жени да можат да уживаат во дводелното бикини – едноставно, долниот дел е само подлабок!

Долниот дел од костимот за капење има висок струк и е вистински хит во последните летни сезони, а неговите дизајни оваа година се навистина разновидни. Тој прекрасно ја издолжува фигурата, а може да изгледа одлично и ако се комбинира со горниот дел од некој друг модел, па така можете долниот дел да го изберете токму од овој модел и тој да биде црн, а горниот дел од бикинито да ви биде цветен… верувајте постојат уште милион такви комбинации.

Ова се некои од моделите на кои ние наидовме пребарувајќи низ фотографиите на познатите убавици…

профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа

профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот