И легендарниот Пеле му честиташе на Роналдо

фото: твитер

Во вторникот Кристијано Роналдо повторно блесна на натпреварите, беше најзаслужен за триумфот на Португалија во Стокхолм над Шведска (0:2) во рамките од УЕФА Лигата на нации.

Португалецот и воедно играч на италијанскиот шампион Јувентус, беше двоен стрелец, првиот гол го реализираше од слободен удар, што беше негов 100 јубилеен во дресот на националната португалска селекција.

Никој од Европа моментно нема таков учинок, а веднаш потоа дојде и 101 гол и само уште малку му недостасува да го достигне најдобриот на вечната листа, Иранецот Али Даеи кој репрезентативната кариера ја заврши со 109 голови.

фото: твитер

– Рекордите не се моја опсесија. Тие доаѓаат природно – рече 35-годишниот Роналдо по натпреварот на „Френдс Арена“.

Овој фантастичен учинок го поздрави и легендарниот бразилски фудбалер Пеле (79) кој му честиташе на Португалецот.

– Мислев дека ќе слави со 100 гол, но веднаш потоа дојде и 101. Кристијано, срдечно ти честитам за достигнувањето на нови височини – се зборовите на Пеле кој за репрезентацијата на Бразил вкупно 77 пати се запиша во листата на стрелците.

РЕКОРДЕРИ

До израмнување на апсолутниот рекорд на Роналдо му се потребни уште осум голови. Португалската ѕвезда кој е познат по уривањето на многу рекорди, па така се очекуваме и да го нападне достигнувањето и на Али Даеи кој воглавно запишуваше погодоци против селекции како Непал, Гуама, Шри Ланка…

1.Али Даеи (Иран) 109 голови
2.Кристијано Роналдо (Португалија) 101
3.Ференц Пушкаш (Унгарија) 84

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот