И Црна Гора ќе игра на Светско првенство

Црногорците по Ервопско, ќе играат и на Светско првенство/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометарите на Црна Гора обезбедија пласман на Светското првенство што идната година ќе се игра во Полска и Шведска.

Црногорците во реваншот кој се играше во преполната сала „Морача“ со 33:25 ја совладаа Грција и ја анулираа негативата од првиот натпревар (23:25).

– Долго време ги „бркавме“, Грците се пргави, малку се фанатици, баш како и ние. Но, ние верувавме во победата и заслуживме да се пласираме на СП – изјави голманот Небојша Симиќ.

Најефикасни во редовите на Црна Гора беа Бранко Вујовиќ со 9 гола, Радојица Чепиќ и Милош Вујовиќ со по 5 гола, додека Небојша Симиќ на голот имаше дури 17 одбрани.

Кај Грција најрасположени за игра беа Димитриос Цирас со 8 и Николас Пасиас со 5 постигнати гола.

Пласман на СП обезбеди и Португалија која како гостин со 35:28 ја совлада Холандија и се реваншира за поразот на првиот натпревар (30:33). Мота даде 8 гола, а Хернандез 6 гола за Португалија, додека во редовите на Холандија најпрецизен беше Смитс со 7 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот