Хулигани претепале НБА ѕвезда (ВИДЕО)

EPA-EFE/JASON SZENES

Ѕвездата на Далас маверикс, Кристапс Порзингис нема да го памети по добро враќањето во татковината бидејќи во Рига е нападнат од незадоволни навивачи на Њујорк никс.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како НБА ѕвездата со лице облиено во крв стои пред ноќен клуб во Рига. Според медиумите во Летонија, Порзингис најверојатно е нападнат од руски навивачи на Њујорк никс кои се незадоволни од учинокот на кошаркарот додека настапуваше за нивниот омилен тим. На снимката се гледа како нервозниот Порзингис во еден момент ја одгурна девојката пред себе и се залета во групата од неколку момчиња, но полицијата го спречи во намерата.

Медиумите исто така наведуваат дека во тепачката, Порзингис заработил скршеница на дланката.
Ова не е единствен проблем за летинскиот кошаркар, него во најскоро време го очекува разврска во американскиот суд по обвинението во кое соседка го обвини дека ја силувал.
Порзингис во текот на сезонава, поточно во февруари, беше разменет од Њујорк во Далас маверикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот