Хуан Мата уште две години во Јунајтед

twitter.com/MrTomMcDermott

Важечкиот договор на Мата истекуваше после завршувањето на сезоната, иако се шпекулираше негово заминување, и во наредните две сезони ќе остане верен на „Олд Трафорд“.

Дојде од Челзи во летото 2014 година, до сега запиша 218 натпревари за „црвените ѓаволи“ со 45 голови и 37 асистенции.

Со клубот успеа да ги освои трофеите во ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Лига Европа.

За него претставува чест што ќе продолжи да го претставува овој неверојатен клуб и секако верните фанови.

– Во Манчестер Јунајтед сум веќе пет години и сум горд што го нарекувам „Олд Трафорд” како мојот дом. Едвај чека да соработувам со менаџерот Солскјер и неговите помошници. Нивната визија за клубот е навистина возбудлива и многу среќен што сум дел од неа – изјави Мата за сајтот на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот