Фото: rdslovan.si

Хрватскиот репрезентативец Леон Љевар од следната сезона во РК Вардар 1961

Ракометниот клуб Вардар 1961 потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона. Љевар (24), роден во Риека, Хрватска, е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек.

Доаѓа од словенечкиот клуб Слован каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига – постигнувајќи 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим.

Покрај клупските успеси, Љевар е и член на хрватската репрезентација, каде што неодамна имаше силни настапи и ги привлече вниманието на ракометната јавност низ Европа.

Поради мала повреда мораше да го пропушти ЕП во Данска, Шведска и Норвешка иако беше на списокот на хрватскиот селектор.

– Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели – изјави Љевар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот