Хрватскиот плејмејкер Гаџа го напушти македонскиот шампион Вардар 1961

Анте Гаџа од Македонија ќе продолжи да игра ракомет во Саудиска Арабија/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Анте Гаџа повеќе нема да го носи дресот на РК Вардар 1961 иако имаше важечки договор до крајот на оваа натпреварувачка сезона со скопските „црвено-црни“.

Хрватот кој игра на позицијата среден бек одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, поточно во редовите на Ал Нор.

Во Саудиска Арабија се очекува да му биде конкурент на нашиот тренер Зоран Кастратовиќ кој го води Ал Мудар во трката за шампионската титула.

Плејмејкерот Гаџа се здоби со повреда годинава во април (скинати предните вкрстени лигаменти) по што му следуваше опоравување од повредата.

Пред да се пресели во Скопје, во клупската кариера беше дел од Нексе Нашице и ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот