Хрватскиот Нексе ќе игра четвртфинале во Европската лига

фото: rknexe.hr

Се дознаа првите четвртфиналисти во ракометната ЕХФ Европска лига, тие се Флензбург, Нексе, Гранољерс и Кадетен Шафхаузен.

Флензбург и на реваншот од осминафиналето триумфираше над португалската Бенфика со 33:28. Во првиот меч беше 39:26 за германската екипа.

Нексе претрпе пораз од 27:29 на возвратната пресметка против украинскиот Мотор Запорожје. Но, благодарение на победата од првиот натпревар со 27:23, Хрватите обезбедија пласман во следната фаза.

Данскиот Скандерборг Архус не успеа да ја задржи предноста од првиот меч кога славеше со 34:32. Шпанскиот Гранољерс ја анулираше негативата и на крајот беше подобар од 30:25.

Откако во првите 60 минута славеше со 38:32, Кадетен Шафхаузен од Швајцарија и по вторпат го совлада шведскиот Истад, овојпат со 27:25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот