Фото: Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Хрватска со висока победа над Парагвај го обезбеди финалето во Президент купот

По убедливите победи против Иран и Уругвај, женската ракометна репрезентација на Хрватска денеска го совлада и Парагвај со 30:17, пласирајќи се во финалето на Президент Купот, каде што ќе играат за 25 место на Светското првенство во Холандија и Германија.

Хрватките ја остварија третата убедлива победа во Групата И од Президент Купот, кој се игра за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот.

Избраничките на селекторот Ивица Обрван водеа со три гола разлика на полувремето (14:11), и продолжија да ја зголемуваат својата предност до конечните „+13“.

Најефикасни во хрватските редови беа Катарина Павловиќ со шест гола, Тина Баришиќ со пет и Лара Буриќ и Дејана Милосављевиќ со по четири гола.

Луција Бешен имаше 12 одбрани, а од другата страна најефикасна беше Марија Фернандез Естигариби со шест гола.

Во натпреварот за 25 место на СП, Хрватска ќе се соочи со тест против победникот од Групата Б, каде пред последното коло, Кина води со четири бода, додека Кубанките имаат еден помалку. Кина и Куба ќе го одлучат победникот на групата во последното коло.

Финалето на Президент Купот е на 10 декември во Хертогенбош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот